Русија ги почитува своите обврски во согласност со Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова и го повика Вашингтон да понуди докази за спротивното тврдење.
Американскиот генерал Пол Селва, потпретседател на здружената команда на САД ја обвини Русија дека со дислоцирање крстосувачките ракети се крши Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел.
Тој додаде дека Москва сака да ги загрози американските објекти во Европа и НАТО, а Захарова реториката на САД ја оцени како „неоснована“.
– Таквите изјави се разочарувачки, но не се ништо ново. Сепак, тоа не го очекувавме од висок воен претставник кој би требало да е добро известен, истакна Захарова.
Таа го повика генералот Селва да објасни што конкретно мисли под кршење на Договорот.