ВМРО-ДПМНЕ: Денешното рочиште се одложи поради тоа што во списите фали одлука по барањето за смена на обвинителките

Од:

„Денешното судско рочиште не беше одложено заради отсуство на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, туку заради немање основни процесни претпоставки за негово одржување.

Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ/Сорос се уште еден обид за манипулација на граѓаните со кои се обидуваат да претстават дека Никола Груевски е ист како аболицираниот криминалец Зоран Заев кој не го признаваше судот и сеуште наоѓа разни изговори за да ги избегне судските рочишта и одговорноста за барање поткуп.

Вистината е дека денешното судско рочиште се одложи поради тоа што во списите од предметот не постои одлука по барањето на судот за смена на обвинителките кои недолично се однесуваа и го омаловажуваа и навредуваа судот.

Одбраната тоа го констатираше во текот на вчерашниот ден при увидот во списите од предметот во кој постои писмен запис со кој што судот побарал од Советот за јавни обвинители да се определат други обвинители кои би го застапувале обвинението.

Од тие причини, одбраната ги извести клиентите дека судењето нема да се одржи бидејќи не се исполнети процесните претпоставки за одржување на рочиштето и нема потреба истите да дојдат на рочиштето.

Претседателот Никола Груевски и останатите опфатени со политички монтираниот предмет на СЈО, нарачан директно од Бихаќка, се подготвени како и досега редовно да се одзиваат на судските покани“ се вели во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито