Заменик амбасадорот на ОБСЕ во посета на Кичево

Од:

Заменик амбасадорот на ОБСЕ, Џеф Голстајн денеска во Кичево се сретна со Претседателството на Младинскиот локален совет и со претставници на гимназиите „Мирко Милески“ и „Дрита“.

Тој се интересираше за меѓуетничките односи во овој град имајќи предвид дека тука живеат граѓани од различни етникуми. Од страна на младите, Голстајн беше информиран дека во Кичево нема меѓуетнички проблеми, иако во средните училишта учат Македонци, Албанци, Турци, Роми итн.

Младинскиот локален совет го запозна амбасадорот Голстајн и со анкетата што ја спровеле и изразија загриженост бидејќи резултатите покажале дека 93 проценти од анкетираните млади одговориле дека сакаат да ја напуштат државата.

Заменик амбасадорот ОБСЕ, Голстајн по средбата изрази задоволство што ситуацијата во Кичево е стабилна. – Позитивен е фактот дека тука ситуацијата е многу стабилна, независно од ситуацијата во Скопје, рече Голстајн.

Одговарајќи на новинарски прашања за политичката ситуација во Македонија, Голстајн рече дека генералниот секретар на ОБСЕ упатил јасна порака дека треба да се надминат тесно-партиските интереси и да се работи за доброто на сите граѓани, посебно за младите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата