Инфо средба за повикот на Фондот за иновации и технолошки развој во Куманово

Од:

Центарот за разој на Североисточен плански регион Куманово во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, денеска во Куманово организираа информативна средба за четвртиот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Бизнис заедницата од Куманово и од општините од североистокот имаа можност да се информираат за двата инструменти, начинот на аплицирање, користење на средствата и развој на сопствените компании. На проектот ќе може да аплицираат заинтересираните со иновативни проекти, а имаат потреба од финансиска помош за реализација на своите идеи.

– Како бизнис центар се обидуваме на секој начин да ја информираме бизнис заедницата за сите активни мерки, како активни грантови, меѓународни донации присутни во Република Македонија. Но, морам да забележам дека е слаб одзивот, како што е и во делот за Фондот за иновации. Се надевам дека оваа средба ќе биде успешна и за прв пат од севроисточниот плански регион, бизнисмените ќе се охрабрат и ќе аплицираат, а воедно фондот ќе им излезе во пресрет и ќе имаме успешна приказна, која ќе ја презентираме на петтата средба, изјави Маја Петровска, координатор за одржлив развој и поддршка на приватниот сектор.

По основ на конфинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф проектот, предвидува вкупно 450.000 евра кои би се доделиле на максимум петнаесет компании, додека еден милион евра наменети за десет компании се предвидени за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

– Колку ќе бидат финансирани тоа зависи од квалитетот на самите предлог проекти, кои ќе бидат оценувани и во зависност од тоа ќе бидат доделувани и средствата. Инаку кога се кофинансирани грантови во прашање, партиципацијата, односот на уечството од Фондот е различно, за првиот инструмент кофинансирани грантови за старт-ап и спин-оф предвидено е учеството на Фондот да биде до 85 проценти од вкупната инвестиција, каде што апликантот учествува со свои средства до 15 отсто, тоа се максимални износи, односно 30.000 евра од Фондот за овој инструмент. По другиот инструмент учеството на фондот е до 70, а 30 проценти од апликантот и максимум на средства кои се доделуваат од Фондот е 100.000 евра, изјави Ирена Георгиевска, од Фонд за иновации и технолошки развој.

Од Фондот велат дека има заинтересираност кај компаниите и додаваат дека и понатаму ќе ги поттикнуваат компаниите да аплицираат и ќе им помогнат за да подготват проекти. Повикот е отворен до 3. мај годинава, за кој било сектор.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра