Скопјанец ранет со пиштол во расправија

Од:

Дваесет и седумгодишниот Г.Б од Скопје вчера е тешко повреден со прострела рана во десната потколеница и има повеќе повреди по телото во расправија со две непознати лица на ул. „Фуштанска“ во Скопје. Во Г.Б. е пукано од пиштол и се наоѓа во животна опасност.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 14 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека две непознати лица со две возила дошле на ул. „Фуштанска“ и започнале расправија со Г.Б. (27), по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон Г.Б, нанесувајќи му прострелна рана во десна надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.

По настанот лицето кое пукало го напуштило местото со возило. Повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип