Шест лица повредени во пет сообраќајки во Скопје

Од:

Шест лица се повредени во пет од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две е причинета материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 13 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, пет возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи возеле со неважечка сообраќајна дозвола или без возачка дозвола. Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 43 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе одржи едукативна работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Во сабота, со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународниот ракометен натпревар меѓу ЖРК Вардар и Турингер, Германија.

Во недела, со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Кристијанштад, Шведска.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овие вонредни настани, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава