Ферари продолжува со одличните перформанси, Фетел најбрз на денешните тренинзи

Од:

Одличните перформанси на болидите на Ферари продолжија и денеска на тренинзите во Барселона, каде што Себастијан Фетел го извози најбрзото време.

Германецот извози време од 1.19.024 на ултрамеката компонента на пневматици со што беше три десетинки побрз од второпласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес. Фетел извози и најмногу кругови на денешните тренинзи дури 156, додека Луис Хамилтон помина само 52.

Ниту еден друг возач не успеа да оствари резултат под 1 минута и 20 секунди, но сепак, Естебан Окон со неговата Форс Индија се покажа како еден од повредните денеска со извозени 137 круга и време од 1.20.161.

На денешните тренинзи возеше и другиот возач на тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој што вчера беше најбрз, а денеска оствари резултат од 1.21.819 и извозе 95 круга.

Првата трка од сезоната ќе се вози на 26. март, а тренинзите во Барселона продолжуваат и утре.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес