Лидерот на грчката опозиција Алексис Ципрас во интервју за британскиот весник „Гардијан“ предлага европска средба за отпишување на долгот на јужните земји членки од еврозоната.
Целта на средбата е да се најде конечно решение за должничката криза. Според лидерот на Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА досега донесените решенија по ова прашање не се ефикасни.
Ципрас истакнува дека земјите кредитори на Грција и на другите членки од еврозоната треба да имаат поука од историјата и да се справат со проблемите со огромниот долг на начин на кој Германија го направила тоа по завршувањето на Втората светска војна.
Според него, единствено ефикасно решение е отпишување на долгот не само за Грција, туку за целиот јужен дел на ЕУ, додавајќи дека колкку повеќе се забавува отпишувањето толку поголема ќе биде социјалната и економската цена.