ОЛАФ: Британија должи во буџетот на ЕУ две милијарди евра

Од:

Британија должи во буџетот на Европската унија две милијарди евра бидејќи „затворила очи“ пред големата измама на кинески увозници, соопшти денеска Канцеларијата на ЕК за борба против измами и неправилности (OLAF)

– И препорачуваме на ЕК да врати пари од Обединетото Кралство, се наведува во писмо од ОЛАФ.

Тие ја обвинуваат Британија дека игнорирала користење голем број лажни фактури и цариски побарувања од страна на кинески увозници што ја чинело ЕУ 1,99 милијарди евра во изгубени царини.

Истрагата покажала дека во периодот 2013-2016 година измамници избегнале царински давачки со користење фалсификат фактури и неточни изјави за царинска вредност при увоз во Британија.

Таквата шема ги чинела и други членки на ЕУ како што се Франција, Германија, Шпанија и Италија кои загубиле 3,2 милијарди евра приходи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно