Ограбена обложувалница и обид за грабеж во менувачница

Од:

Две разбојништва вчеравечер се случиле на две локации во Скопје. Според полицискиот дневен билтен, ограбена е обложувалница и извршен е неуспешен обид за грабеж во менувачница.

Околу 18 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница во скопската населба Топанско Поле. Како што информира МВР, сторителот заканувајќи се со пиштол од вработениот одзел 73.000 денари по што побегнал во непознат правец.

Во 18.20 часот, пак, непознат маскиран сторител извршил разбојништво во обид во менувачница на улицата „Московска“ во Скопје.

Со закана со пиштол од вработениот побарал пари, но овој успеал да го вклучи безбедносниот аларм, по што маскираниот разбојник се откажал од намерата и побегнал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите на двете разбојништва и за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра