Црвен Крст – Кичево организира Базар по повод 8 Март

Од:

Под мотото „Подај рака – подари љубов на секоја мајка“ денеска, пред градската аптека на Булевардот во Кичево, се одржа хуманитарен базар на кој беа изложени рачно изработени креации од старана на волонтери вклучени во ЦКА-ПХВ циклусот.

Целта на хуманитарниот хепенинг е собирање финансиска помош за социјално загрозено семејство од село Осломеј кое живее во многу тешка сојтојба.

Според Ивана Лазеска од Црвен Крст – Кичево, настанот е дел од програмата Црвен крст во акција – Промоцијана хумани вредности (ЦКА-ПХВ) кој претставува национална алатка за привлекување и задржување волонтери во Црвениот крст на Македонија. Програмата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери, и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Младите, додаде Лазеска, добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење интеркултурно опшество. Во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.

На годишно ниво се изработуваат 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица, на некои краткорочно, додека за некои помошта е долгорочна.

Имплементацијата на програмата Црвенкрство акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e поддржана од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка