Кривична пријава против албанска државјанка

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициска станица Гостивар, поднесе кривична пријава против 51-годишната албанска државјанка Н.Б. од Корча, со нерегулиран престој во нашата земја, поради основи на сомнение дека извршила кривични дела „убиство во обид“ и „кражба“.

Пријавената албанска државјанка, како што соопшти МВР, се сомничи дека во периодот од мај до средината на септември годинава, на четири лица од Гостивар, претежно во постари години, во храната или пијалоците, прво ќе им ставела непозната материја и ќе ги доведела во безсознание, а потоа им одземала пари и златен накит во вкупна вредност од милион денари.

Осомничената, по која беше распишана потрага, на 8 овој месец била приведена на граничниот премин Табановце, а вчера со кривична пријава била изведена пред истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој и определи 48-часовен притвор.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип