Хојт Ји: Македонскиот претседател да го даде мандатот да се формира влада

Од:

Заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, ги повика сите страни во Македонија да се изнајде компромис и да се формира нова влада.

Тој порача дека САД се заинтересирани за просперитет и стабилноста на регионот.

„Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија“ изјави Ји.

Хојт Ји исто така порача на земјите од регионот да продолжат со реформите за да се достигнат европските стандарди.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места