Канада повикува на формирање влада без одлагање

Од:

Македонските лидери да дозволат формирање влада без одложување, побара денеска Кристиа Фриленд министерка за надворешни работи на Канада.

– Канада ги повикува македонските лидери да го дозволат формирањето на новата влада без одложување. Апелираме до сите страни да продолжат со поддршката и јакнењето на нашите заеднички демократски принципи, вклучително и почитување на демократските институции и владеењето на правото, се наведува во соопштението испратено од министерката Фриленд во врска со случувањата во Македонија.

Таа апелира и до претседателот на државата, како што вели, да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11 декември 2016 година.

– Очекуваме дека преземените следни чекори на претставниците на властите во Скопје, вклучително и претседателот, ќе бидат во согласност со демократскиот процес и Уставот, стои во соопштението.

Канада, воедно, ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е во најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски