Украина бара заштита на основните човекови прави

Од:

Украина денеска на почетокот на сослушувањето во Меѓународниот суд во Хаг побара да и се наложи на Русија да го прекине снабдувањето и опремувањето на проруските сили, надевајќи се оти ќе докаже дека Москва ги крши меѓународните закони.

Русија негира дека испраќала трупи и воена опрема во источниот дел на Украина и очекува дека ќе се оспори тужбата што Украина ја покрена против неа.

– Денеска стојам пред светскиот суд да побарам заштита на основните човекови права на народот во Украина, истакна заменик-министерката за надворешни работи на Украина Олена Зеркал.

Зеркел побара итен судски налог за прекинување на, како што го нарече таа „руското злоставување“, додека трибуналот не го разгледа случајот во целост, за што во некои случаи се потребни и повеќе години.

Таканареченото барање за привремени мерки, што го предложи Зеркел, подразбира прекин на тренсфери на пари, оружје, возила, опрема или обука за персоналот на проруските сили кои се борат против украинските сили во земјата.

– Тактиката на Русија подразбира поддршка на тероризмот и расна дискриминација, како и пропаганда, субверзија, заплашување, политичка корупција и кибер-напади, истакна украинската заменик-министерка за надворешни работи.

Денеска е првиот, од планираните четири денови, за сослушување во Хаг.

Се наведува дека, Украина во официјалниот докумет што е испратен до судот, навела дека проруските сили биле одговорни за бомбардирање на стамбени подрачја и соборувањето на малезискиот авион на летот „МХ17“ во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица.

Во септември 2016 година, истражувачкиот тим од шест држави, на чело со Холандија, соопшти дека авионот е соборен со руската ракета „БУК“ што дошла од правец на областа што е под контрола на проруските сили.

Русија го отфрли овие заклучоци, наведувајќи дека се пристрасни и политички мотивирани,

Сослушувањето се одржува откако 35 лица загинаа кон почетокот на февруари при судирите во градот Авдијвка што е под контрола на Владата на Украина.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски