Општина Гази Баба со општинската организација на Црвениот крст Гази Баба и Институтот за трансфузиона медицина-Скопје денеска организираа крводарителска акција.
Како што соопшти општина Гази Баба, собрани се околу 30 единици крв. Во акцијата се вклучил и градоначалникот Тони Трајковски, кој апелирал граѓаните да даруваат крв зошто така се спасуваат и продолжуваат многу животи.
Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба во 2016 година собрала 4.800 крвни единици.