Мегапопуларната пеачка Лејди Гага му се заблагодари на рускиот премиер Дмитриј Медведев поради неговото истакнување дека антигеј законот не и е потребен на Русија.
Лејди Гага на нејзиниот Твитер упатила зборови на поддршка до Медведев и заблагодарила што не застана зад антигеј пропагандата на својата партија.
Медведев одговарал на прашањата на корисниците на интернет па во таа прилика го изнесе својот став по ова прашање. Рускиот премиер наведе дека смета дека антигеј законот е непотребен на неговата земја, поентирајќи дека „неможат сите меѓучовечки односи да се регулираат со закон“.