Европската народна партија (ЕПП) денеска соопшти дека од своите редови го исклучила Јацек Сариуш Волски, со што тој ја загуби позицијата заменик претседател на партијата.
Полската Влада претходно го номинираше Сариуш Волски за нов претседател на Европскиот совет, на местото на Полјакот Доналд Туск.
Претседателот на ЕНП Жозеф Дол појасни дека одлуката за исклучување е донесена денеска.
Дол во писмената изјава изрази длабоко жалење за нелојалноста и непочитувањето, искажани од страна на Сариуш Волски.
Тој додаде дека Туск, кој очекува следната недела да биде реизбран на чело на Европскиот совет, ја има целосната поддршка од ЕПП.