Мајките со вишок килограми ја потценуваат тежината на своите деца

Од:

Речиси половина мајки кои имаат вишок килограми, ја потценуваат тежината на своите деца.

Според истражување на универзитетите „Браун“ од Вашингтон и од Сент Луис, дебелите мајки ја потценуваат дебелината на своите деца.

Истражувачите проучувале 230 мајки во САД, чии деца се на предучилишна возраст од 3 до 5 години. Од нив 41 отсто сметаат дека нивните дебели деца имаат „нормална тежина”.

Само 20 отсто дебели мајки исправно ги идентификувале своите деца како дебели, а само три порценти ја прецениле тежината на своите деца.

Истражувачите до овој заклучок дошле така што од мајките барале да пополнат прашалници за тоа како ги хранат своите деца, а одговорите на тоа прашање ја откривале нивната перцепција за тежината на децата.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он