За првпат децата од Градски ѕид кај Зелено пазарче добија детско игралиште

Од:

Општина Центар го заокружи проектот за реконструкција и поставување нови детски игралишта на потегот околу Градски ѕид. Во овој дел од Центар реконструирани се 4 детски игралишта, а три се комплетно нови. Сега и децата од зградите на Градски ѕид околу Зелен пазар, имаат убаво и безбедно место за играње и забава.

Со децении, уште од изградбата на овие згради, децата немаа свое игралиште. Граѓаните од општината и од градоначалникот Андреј Жерновски бараа катче за забава на нивните деца.

Новото и современо игралиште во весели детски бои има гумен под кој хигиенски лесно се чисти, бидејќи општина Центар особено води сметка за безбедноста на децата. Тие можат да уживаат во убавите и шарени лизгалки, платформи, клацкалки и лулашки.

Овој простор со површина од 8000 м2 околу станбените блокови зад Зелен пазар, на потегот од булевар „11-ти Октомври“ до улица „Македонија“ има комплетно нов изглед.

Наместо исушената, засадена е нова трева, засадени се нови 2300 садници, кои се наводнуваат со автоматски систем, приклучен на хидрантска парковска мрежа.

Паркот ја задржува убавината во текот на целата година, бидејќи го красат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривки.

На локацијата има и 2 зимзелени магнолии со преубави бели цветови, а во текот на овој месец, за поголема разиграност на просторот, ќе се засадат цветни леи со 3.000 петунии, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ