По добриот оброк во ресторан вообичано очекувате „удар“ по паричникот, но не и по чувствата. Токму тоа им се случи на три другарки од Калифорнија.
Откако вечерале и ја добиле сметката, останале шокирани од тоа што го прочитале. На аголот на сметката пишувало „дебели девојки“. Кога побарале објаснување од персоналот на ресторанот, тие низ смеа им рекле дека им е жал и единствено што можат да направат, е намалување на сметката за 25 центи.