Австриецот Михаел Мат го запиша својот прв триумф во Светскиот скијачки куп, откако денеска беше најбрз во слаломот возен во словенечкиот ски-центар Крањска Гора.
Мат двете трки ги заврши со вкупно време 1:48.26 минути или за 0.30 секунди побрзо од Италијанецот Стефано Грос кој водеше по првата трка. Третото место му припадна на Феликс Нојројтер од Германија со вкупно време 1:48.72 минути.
На четвртото место се пласира Марсел Хиршер (Австрија) кој веќе го обезбеди големиот Кристален глобус.
Пласман слалом: Хиршер 685 бода, Кристоферсен 575, Манфрер Мелг (Италија) 431,…
Генерален пласман: Хиршер 1.425 бода, Кјетил Јансурд (Норвешка) 871, Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 867, Алексис Пинтуро (Франција) 849,…
Следната трка од Светскиот куп е на 13 март кога ќе се вози спуст во Аспен, САД.