СДСМ: Концептот за едно општество веќе победи

Од:

„Огромно мнозинство од граѓаните, околу 700.000, на предвремените парламентарни избори покажа дека сакаат промени! Сакаат заедништво – не поделби, правда – не криминал, живот – не режим!

Единствениот начин да се зачува и зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите. Тој концепт веќе победи!

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември!

Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и одложување на понесувањето одговорност за криминалите и злоупотребите.

Тоа нема да се случи!

Граѓаните јасно гласаа за квалитетен живот за сите, квалитетно образование и здравство за сите, за држава во служба на сите граѓани, за правда за сите и ова мора да почне да се реализира.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните. Ѓорге Иванов мора да ја почитува мнозинската волја преточена во 67 пратенички мандати и да го даде на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатот за состав на новата реформска Влада и независни демократски институции.

Граѓаните очекуваат брз и мирен трансфер на власта во Р. Македонија! Тоа е следен чекор“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски