Два камиона паднале во провалија кај Демиркаписка Клисура

Од:

Два камиона, еден со грчки и еден со македонски регистраски ознаки, синоќа во 19:45 паднале во провалија кај Градец во близина на Демиркаписката Клисура. Возачите на камионите се полесно повредени.

Според првичните сознанија на полицијата, која изутринава врши увид, причина за излетувањето на камионите бил подмрзнатиот коловоз на патот Демир Капија – Удово.

Два камиона и еден автобус ноќеска се излизгале од коловозот и на автопатот Скопје – Велес, кај Катланово. Нема повредени лица.

Сообраќајот на автопатот Скопје-Велес-Гевгелија денеска се одвива без застој, но отежнато поради опасност од појава на голомразица на осојничавите места.

АМСМ синоќа предупреди на внимателно возење на патните правци Градско-Велес и Демир Капија – Удово поради многу ниските температури и подмрзнувањето на коловозот.

„Македонија пат“, пак, препорача доколку мора де се користат овие патни правци  да се вози внимателно и со приспособена брзина.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово