Европската унија денеска во Осло ќе ја прими Нобеловата награда за мир.
– Европската унија..ќе излезе зајакната по актуелната криза, изјави синоќа во Осло претседателот на ЕС, Херман ван Ромпуј.
– Сакаме Европа повторно да стане симбол на надежта, нагласи тој на прес конференција.
Дваесетина европски лидери меѓу кои и претседателот на Франција Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел, се очекуваат денеска во Осло.
Западни медиуми оценуваат дека ЕУ, соочена со должничката криза, неспособна да се усогласи за буџетот и неединствена на дипломатски план, нема да покаже ниту привидно единство денеска во Осло каде треба да ја прими Нобеловата награда за мир.