Електрификација на викенд – населбата Равна Река во Пехчевско

Од:

Во туристичката населба Равна Река кај Пехчево започна приклучувањето на електричната мрежа на индивидуалните викенд куќи со што по три децении откако се изградени трисетината објекти во населбата добија електрична енергија.

Електрификацијата на населбата е инвестиција на ЕВН вредна 600 илјади евра, потенцираше градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски кој присуствуваше на приклучување на мрежата на првата викенд куќа во населбата.

– Со решавањето на овој горлив проблем на кој работевме изминатиов период, очекувам побрз развој на туризмот, како гранка која треба да донесе економски развој на малата малешевска општина. Ние донесовме ДУП, имаме водовод, пат, струја, останува да ја решиме канализацијата за која веќе имаме одобрено средства преку Министерството за транспорт и врски и очекувам за една година, комплетно да се заокружи целата инфраструктура во општината. Сето тоа, пак, од своја страна треба да донесе потенцијални инвестиции во туризмот во овој дел од Малешевијата, рече Поповски.

За сопствениците на викенд-куќите, приклучувањето на електричната енергија, ќе значи и подобри услови за гостите кои доаѓаат во населбата.

– Овде има прекрасна природа, шума, тука се водопадите на Брегалница, и можам да кажам дека досега проблемот со струјата го решававме со агрегати, што не беше пријатно за гостите. Но, еве, од денеска, подготвени сме да нудиме подобри услови за гостите, рече Јордан Василески, сопственик на викенд куќа во населбата.

Две години по донесувањето на ДУП за населбата, Општина Пехчево има продадено 20 индивидуални плацеви за викенд куќи и еден плац за хотел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово