Опозицијата во Гана не ги признава резултатите од претседателските избори

Од:

Главната опозициска партија во Гана ги отфрли официјалните резултати од претседателските избори на кои победник со 50,7 отсто е досегашниот претседател Џон Драмани Махама.

Новата патриотска партија чиј кандидат Нана Акуфо-Адо беше главен противкандидат на Махама на изборите за претседател, тврди дека на изборите имало голем број неправилности.

Според избирачката комисија, Акуфо-Аддо добил 47,74 проценти од гласовите.

Досегашниот лидер Џон Драмани Махама повика политичките лидери да го „почитуваат гласот на народот“ откако беше прогалсен за победник на претседателските избори. Избирачката активност беше над 79 отсто од приближно 15-те милиони регистрирани гласачи.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана