(ВИДЕО) Заев: Концептот на едно општество ја јакне унитарноста на државата, а не сценаријата за поделби!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната дебата во емисијата „Отворено“, на Телевизија 24 зборуваше за концептот на едно општество како основа за унитарноста, развој и просперитет на Р.Македонија и нејзините граѓани, што доби мнозинска поддршка од околу 700.000 граѓани во Македонија на парламентарните избори.

„Апелирам до сите граѓани, ние сме граѓани на оваа наша земја и треба да се носиме со одговорноста како граѓани во најмала рака, да не дозволиме да спасуваме некој од одговорност и од обврската да се појави пред судовите. Унитарноста на државата се зајакнува со едно општество, со единство на сите граѓани и со тенденција да ги направиме правата на граѓаните еднакви пред оваа наша земја, Македонија. Вакви поделби коишто се индуцираат и од Ѓорге Иванов кој е претседател на државата и од Никола Груевски кој владее во Македонија, тој ја има власта во Македонија, апсолутно се црното сценарио за Македонија. Да не бидат граѓаните соучесници на тоа што се прави сега во државата“, повика претседателот Заев.

Македонија – едно општество за сите е еден од 5-те клучни столбови во програмата на СДСМ, План за живот во Македонија. Во интервјуто, претседателот Заев потсети дека концептот на заедништво го поддржаа мнозинството граѓани во Македонија и дека разговорите за обезбедување на парламентарното мнозинство се водени исклучиво на таа основа.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ