Народниот правобранител апелира децата да не се инволвираат во протести

Од:

Народниот правобранител по повод последните пишувања во медумите, како и поднесените претставки од родители кои се жалат на злоупотреба на нивните деца во протестите кои деновиве се организираат во повеќе градови, апелира веднаш да престане инволвирањето на учениците.

Во денешното соопштение до медиумите народниот правобранител ги предупредува сите инволвирани страни дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките, и дека доколку навистина се докаже дека одредени лица вработени во образовни институции биле поттикнувачи, за истите ќе бара најстроги казни, затоа што станува збор за деца кои според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита .

– Децата во никој случај не треба да бидат цел на манипулации и злоупотреби, а училиштата треба да бидам места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес, се наведува во соопштението.

Водејќи се од најдобриот интерес на детето, народниот правобранител апелира и до наставниците и до родителите да не дозволуваат инволвирање на учениците во какви било собири и протести, а воедно ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат за спречување на ваквите појави.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он