Аврамопулос во Брисел на состаноци на советите на ЕУ за надворешни и општи работи

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска и утре во Брисел ќе учествува на состаноци на советите на ЕУ за општи работи и за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Атина.

Аврамопулос денеска ќе присуствува на работен ручек на Советот за надворешни работи (ФАК) на кој министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата ќе разговараат за односите меѓу ЕУ и Русија во пресрет на самитот ЕУ-Русија кој ќе се одржи во Брисел на 21 декември, како и за блискоисточниот мировен процес.

На попладневната сесија на ФАК ќе се разговара за случувањата во Сирија, Египет и Либија, ситуацијата во Западен Балкан со акцент на преговорите меѓу Белград и Приштина, и за односите меѓу ЕУ и САД.

Во рамките на утринската сесија на Советот за општи работи (ГАК) што ќе се одржи утре, ќе се дискутира за подготовките за заклучоците на Европскиот совет кој ќе се одржи на 13 и 14 декември.

По работниот ручек со претседателот на Европскиот Совет Ромпуј, состанокот на ГАК ќе заврши со попладневната сесија на која тема ќе бидат заклучоци за политиката за проширување, соопшти грчкото МНР. Шефот на грчката дипломатија Аврамопулос во Брисел го придружува заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Куркулас.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски