Македонска делегација на состанок со Комитетот за политика и партнерство на НАТО во Брисел

Од:

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска ќе се одржи редовниот годишен состанок на Република Македонија со Комитетот за политика и партнерство на НАТО.

На состанокот пред претставниците на земјите-членки на НАТО ќе биде презентирана Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО за 2012-2013 година, како дел од 14-от циклус на Акциониот план за членство.

Делегацијата на Република Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи, на состанокот ќе биде предводена од државниот секретар во Министерството, Владо Мисајловски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров.

На состанокот, државните секретари ќе ги претстават стратешките реформски политичко-економски и воено-одбранбени цели и активности на Владата на Република Македонија, по сите 5 поглавја презентирани во Годишната национална програма за 2012-2013 година.

Со овој состанок ќе отпочне реализацијата на 14-от циклус на Акциониот план за членство на земјата во НАТО.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина