И училиштата и децата се злоупотребуваат за остварување на нечии цели. На вратата на ООУ „Гоце Делчев“ залепен е натпис на кој пишува:
„Парична казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“.
На ова реагираше градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на чија територија се наоѓа ова основно училиште.
„Ова е залепено на вратата на основно училиште во општина Центар.
Се поставува прашањето да каде може да оди оваа лудост, кога и децата ги инволвираат и злоупотребуваат во партиско-политички цели“, напиша Жерновски.
Случајно или не, токму во ова училиште учат двете деца на Жерновски.