Алоизио Нунес именуван за шеф на дипломатијата на Бразил

Од:

Бразилскиот сенатор Алоизио Нунес, заштитник на интересите на бизнисот и критичар на претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа е именуван за министер за надворешни работи.

Бразилскиот претседател Мишел Темер го именува Нунес, член на десноцентристичката Бразилска социјалдемократска партија, кој доаѓа на местото на Жозе Сера, кој минатата недела поднесе оставка.

Нунес на крајот на 60-тите години од минатот век, како студент беше член на левите партизански одреди кои се бореа против диктатурата, а денес е поддржувач на слободната трговија и приватната иницијатива.

Нунес како претседател на Комисијата за надворешни работи на бразилскиот Сенат ги поддржуваше блиските односи со САД, но Трамп го оцени како „најлошо од неговата партија“. м

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск