Хуманитарен концерт за помош на Милорад Атанасовски од Велес

Од:

Во Велес синоќа се одржа хуманитарен концерт за помош на 31-годишниот Милорад Атанасовски од Велес кој боледува од ретка болест на мозокот и му се потребни финансии за понатамошно леување.

Концертот го иницираше и организираше Илија Настовски, професор по пијано во ООМУ „Стефан Гајдов“ во Велес. Во полната концертна сала, покрај Настовски со класична музика настапија и негови колеги и повеќе млади музички таленти од Велес – веќе дипломирани или студенти на повеќе отсеци од музичките академии во Скопје и Штип.

Настовски изјави дека собраните средства од продажба на билетите за концертот и од спонзори – повеќе фирми и институции од градот, ќе бидат наменети за лекување на Атанасовски. Со концертот воедно беше одбележан и Меѓународниот ден на ретки болести, со цел да се подигне свеста на јавноста.

За помош на Милорад, кој е сопруг и татко на седумгодишен син, хуманите граѓани може да донираат парични средства преку Тутунска банка на трансакциска сметка 210501636241445 или на телефонските броеви 070 143-434, 075 143-464 и 077 143-464.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска