Силниот студ причини смрт на десетици луѓе во Европа. Најголем дел од жртвите се бездомници.
Силниот студ во викендот причини смрт на десет луѓе во Полска и три во Чешка, јавуваат западни медиуми.
Како резултат од невремето во Европа, поледица има на голем број патишта и прекинато е снабдувањето со електрична енергија во голем број места.
Отежната е работата на аеродромите во Амстердам, Франкфурт и Дизелдорф каде се откажани десетици летови.