Заев: Јас сум против промена на Устав, знаме, грб и химна

Од:

Јас сум против промена на Уставот во делот на промена на химна, знаме и грб, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување во емисија на 24 ТВ.

Но, рече Заев не смееме да забраниме дебата.

„Не е разговарано за никаква платформа, со Ахмети разговаравме како да се вратат парите назад. Будалаштини се дека ќе бидат казнувани тие што не зборуваат албански јазик. Во моментов 33 општини се двојазични. Ги манипулираат луѓето дека се воведува двојазичност или дека парите ќе бидат двојазични. Такво нешто нема. “Немојте да се плашите “, рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување во емисија на 24 ТВ претходно рече дека Ѓорге Иванов мора да ја повлече одлуката за недавање на мандатот на лидерот на опозицијата кој има поддршка од 67 пратеници.

„Иванов мора да го почитува Уставот. На крај тој ќе го даде мандатот. Има и други решенија, но редот е Иванов, да го даде мандатот“, рече Заев. Според него, тој не ја спомнувал платформата кога Никола Груевски преговарала за неа.

Заев апелираше на смиреност и да се сочува достоинството. Тој кажа дека и СДСМ може да извади народ на улици, но со таквиот чекор ќе го исполни сценариото на ВМРО-ДПМНЕ да дојде до судири.

-Стрпете се уште неколку дена, немојте да наседнувате на провокации, тоа го сакаат, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот