Лидерот на ДПА Мендух Тачи на денешната средба со високата ЕУ претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини искажал голема загриженост за политичката криза во Македонија.
Како што изјави по средбата, посетата на Могерини е од особена важност за земјава во овој период.
– Апелирам до сите граѓани, посебно до Албанците да не паѓаат на провокации зашто тоа не оди во прилог ниту за Албанците во Албанија ниту во Косово, рече Тачи.
На средбата со Могерини, додаде, рекол и дека по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов се потврдиле тезите дека „е јалово Албанците да се организираат во политички партии кога има еден човек што нивните гласови ги множи со нула“.
– Уште еднаш укажуваме дека Албанците треба да се приклучат кон платформата на ДПА и Албанците да бидат на исто ниво со Македонците, рече Тачи.
Според него, иако ДПА е опозиција, смета дека Иванов вчера требало да му го довери мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.