Детската амбасада Мeѓаши реагира на носењето деца на протести, посочувајќи дека постои потенцијален ризик од појава на насилство што ќе ја загрози нивната безбедност, дури и кога протестите се генерално ненасилни.
– Можат да бидат трауматично искуство за децата, особено поради викотниците, присуството на вооружени полицајци, голем број непознати луѓе одеднаш…Ставот на Меѓаши е дека деца не треба да се носат на протести, но доколку родителот на своја одговорност одлучи поинаку, тогаш треба да стои понастрана од гужвите, на места каде постои помала опасност од евентуални насилства и нереди, наведува Меѓаши во соопштението до медиумите.
Детската амбасада нагласува дека децата имаат право на слободно здружување, изразување и мирен протест и дека Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните, вклучително и децата на мирен собир и јавен протест. Но, апелира до родителите да го проценат ризикот и да не дозволуваат децата да им да бидат предмет на манипулација.