Гана: Актуелниот претседател победи на изборите, опозицијата оспорува

Од:

Актуелниот претседател на Гана Џон Драмани Махама освои нов претседателски мандат по денешната победа на изборите со освоени 50,7 проценти од гласовите, соопшти шефот на Државната изборна комисија Квадво Афари-Гијан.

Тој рече дека лидерот на опозицијата НПП НанУ Акуфо-Адоа е втор со 47,74 отсто од гласовите. Меѓутоа, неговата партија претходно соопшти дека изборите биле наместени и тврди дека има доказ дека Адоа е победник на изборите.

Во моментот на соопштување на изборните резултати, околу зградата во која се наоѓаше изборната комисија имаше тенкови, а полицијата постави барикади.

Претходно денеска, полицијата ги растера демонстрантите со солзавец. Демонстрантите бараа изборното тело да го одложи соопштувањето на резултатите, се додека не се испитаат наводите за местење резултатот.

Демонстрантите, кои носеа стапови и извикуваа “Сакаме правда”, се собраа откако портпаролот на опозициската Национална патриотска партија (NNP) соопшти дека членовите на изборната комисија ги наместиле резултатите на претседателските избори.

Гласањето, кое започна во петокот, продолжи во саботата, откако стотици ангажирани за проверка на отпечатоци на прсти и идентификација на гласачите не ја вршеа добро својата работа.

Изборите треба да покажат дали Гана може да одржи период на стабилност и развој долг 30 години, во регион познат по државни удари, граѓански војни и корупција.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана