„По денешната изјава на Иванов, со која тој соопшти дека нема да му го довери мандатот на втората партија и дека така се одлучил со цел да ја брани државата од Албанците, се состана Централното претседателство на Движењето БЕСА и констатира дека овој е вознемирувачки момент за земјата.
Всушност, Иванов е најголемиот прекршител на Уставот, било тогаш кога неуставно му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или кога не му го довери мандатот на претседателот не СДСМ. А кога се има во предвид дека тој ја претставува највисоката институција во земјата, а во име на таа институција тој само што не повика на линчување на Албанците од Македонија, само затоа што Албанците потпишале една заедничка декларација на албанските политичките партии од Македонија, ова е веќе алармантно.
Затоа ја повикуваме меѓународната заедница, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, да го имаат во предвид овој потенцијален ризик за албанската заедница во Македонија и да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата во евро-атлантскиот пат. Исто така ги повикуваме сите граѓани за ладнокрвност и умереност, како и за посебно внимание, додека Движењето БЕСА ќе биде тука заштитник на албанските интереси во Македонија. Притоа, имајќи го во предвид ова што се случува денес, ова е уште еден аргумент дека спасот на ова земја е само нејзиното редефинирање во согласност со мултиетничката реалност на земјата“ се вели во соопштението од Движењето БЕСА.