(ВИДЕО) Заев: Иванов изврши државен удар, веднаш да го даде мандатот

Од:

Иванов со одлуката да не го додели мандатот изврши државен удар. Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици. Тој ја негира мнозинската волја на граѓаните и 67 потписи и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитиник на Никола Груевски и групата околу него. СДСМ и јас нема да дозоволиме никој да си игра со иднината на државата за лични политички и криминални цели, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по одлуката на Ѓорге Иванов да не го даде мандатот.

Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, да останеме смирени,на линија на демократските процеси кои водат кон нова реформска влада во Македонија.

Сето ова што сега се случува сме го виделе од Никола Груевски и Ѓорге Иванов, Груевски тоне но нема да дозволиме да потоне и Македонија, рече Заев.

Иванов мора да ја повлече одлуката и ведаш да го додели мандатот, не смее да ја игнорира мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 мандати и да ги кочи демократските процеси во Република Македонија.

Има решение и за оваа состојба, но трезвеноста и мудроста на народот не донесе до промена на режим со пенкало и така треба да прдолжиме. Со трезвени и мудри глави, полека, чекор по чекор, ќе дојдеме до демократска Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи