Штипски „Исар“ ги дезинфицира сите контејнери во градот

Од:

Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со акцијата за чистење и дезинфекција на сите контејнери за смет во населбите и низ централното градско подрачје.

Директорот на ЈП „Исар“ Ангел Бојаџиев вели дека екипите ќе ги исчистат сите платоа, а потоа и ќе ги дезинфицираат сите контејнери, со цел поголема хигиена во градот.

– Ова е пролетна акција, ние започнавме од вчера од населбата „Автокоманда“. Денеска продолжуваме во населбата „8 ми Ноември“, потоа ќе продолжиме во населбите „Баби“, „Сењак“, „Пребег“, во централното градско подрачје, во сите населби кои ги има општина Штип. Комплетно ќе бидат исчистени платформите до најмала книшка, а веднаш потоа ќе пристапиме кон дезинфекција на контејнерите, вели Бојаџиев.

Додаде дека дезинфекцијата се врши со специјално средство, со цел поголема хигиена и да не се шират заразни болести.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена