Во Штип ќе се гради мост на Брегалница и обиколница

Од:

Општина Штип ќе го реализира капиталниот проект за оваа година, изградба на мост на река Брегалница и обиколница кон индустрискиот дел на градот.

Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов денеска информираше дека тендерската постапка за проектот завршува на 9-ти месецов.

– Мостот и пристапните сообраќајници ќе поврзат два дела на градот, индустрискиот и долниот дел на населбата „Сењак“, со што ќе се овозможи олеснување на сообраќајот и еден вид помала обиколница на дел од периферијата на градот. Ваквото решение се наметна само посебе заради преоптевареност на самата сообраќајница, булеварот „Гоце Делчев“ во текот на утринските и попладневните часови, рече Ристов.

Според проектот, мостот на Брегалница ќе биде долг 56 метри, а широк седум метри. Ќе биде поврзан со пристапни сообраќајници од околу 200 метри од двете страни. Новата обиколница ќе излегува кај поранешната фабрика Алумина и кај старото Нервно одделение во Штип. Според проценките, овој проект се очекува да чини околу милион евра , а е предвидено да заврши за шест месеци.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена