ВИДЕО: Американско катче во општина Центар

Од:

По средбата во просториите на амбасдата на САД, помеѓу Н.Е. Амбасадорот на САД, Џес Бејли и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, беше потпишан договор за отворање Центар за јавно информирање и активности. Американското катче ќе функционира во периодот помеѓу 1.4.2017 до 1.4.2021 година.

Лаура Браун, советник за односи со јавност во Амбасадата на САД, посочи дека ваквите катчиња кои ги има во повеќе земји се можност за учење за Американската историја и култура, помош за лицата кои сакаат да студираат во САД.

„Возбудени сме за новата соработка со општина Центар. Ова е можност нова генерација на млади луѓе да се запознаат и да го шират пријателството меѓу двете земји“, рече Браун.

Ова влегување во партнерски однос помеѓу САД и општина Центар е исклучително значајно и носи придобивки за граѓаните на општината.

„Влегуваме во партнерски однос, што е бенефит на граѓаните на општина Центар, бидејќи ќе имаат пристап до голем библиотечен фонд, ќе можат да добиваат информации за стипендии и ќе се запознаат со образовните програми во САД“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Локацијата на Американското катче е во катната гаража на Судска палата, обезбедена од страна на општината, а опремувањето и обезбедувањето библиотечна колекција е обврска на Амбасадата на САД. Катчето ќе го користат сите граѓани бесплатно и ќе биде отворено за јавноста во работните денови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски