Без вода утре од 08:00 часот до отстранување на дефектот ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ број 24, кај Банките, поранешен Мек Доналс и Т.Ц. Бисер, во општина Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за справување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на затварач во шахта од Ф – 400 мм на булевар „Јане Сандански“ до катната гаража во населба Аеродром и дефект на огрлица на булевар „Јане Сандански“ до Т.Ц. Бисер.