Јакуповиќ: Платениците на режимот повторно кукавички удрија по македонската демократија!

Од:

„Почитувани сограѓани јавно го кревам гласот против режимот во заминување кој неколку дена од страна на врхушката ги прави своите последни очајнички обиди за создавање на меѓуетнички конфликти и креирање хаос во државата со цел спасување на своите криминално стекнати пари кои ги земаа како арач од нас граѓаните.

Во изминатите 10 год. Бевме сведоци на голем број монтирани апсурдни апсења на новинари кои не беа платеници на режимот. Во центарот на Скопје министер нападна новинар бидејќи немаше одговор за својот обелоденет криминал, се сеќаваме на упад во ТВ 21 од страна на режимот за цензура, најгледаната А1 ТВ беше брутално затворена!

Уште премногу исти, слични или уште потешки форми на напади врз слободата на медиумите.

На вчерашниот протест новинари на порталот А1он.мк беа физички нападнати од страна на платеници на режимот! Бидејки новинарите само професионално си ја вршеле својата работна должност.

Платениците на режимот повторно кукавички удрија по македонската демократија!

Посакувам брзо закрепнување на професионалните новинари и најстрога казна за овие насилници.

Од тука Јавно сакам да им се обратам на организаторите на овие насилни протести и режимски мегафони: Над 600.000 граѓани одлучно и достоинствено одбраа живот во Македонија.

Промените се реалност и се ново поглавје за враќање на демократијата и правната држава.

Македонија е земја во која граѓнинот ќе биде на пиедесталот.Во Македонија ќе има правда ќе има мир“, вели преку соопштениет, Един Јакуповиќ.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо од Един Јакуповиќ до Ердоган Сарач

Наум Локоски

Јакуповиќ: НЕ во мое име режимски кукавици!

Ана Ололовска

Јакуповиќ: Иванов да ја смени кукавичката одлуката за мандатот

Ана Ололовска

Един Јакуповиќ: Аирлија Слобода

Ана Ололовска

Јакуповиќ: Ердоган Сарач ја продаде душата на режимот!

Емир Латифовиќ

Един Јакуповиќ до Владата и јавноста: Турците во Македонија заслужуваат еднакви права со останатите граѓани

Емир Латифовиќ