На Сомалија и се заканува национална катастрофа поради сушата

Од:

Новиот претседател на Сомалија, Мохамед Абдулахи Мохамед денеска изјави дека на земјата и се заканува национална катастрофа, поради сушата од која се загрозени милиони луѓе и предизвикува страв од масовен глад.

Тој побара помош од меѓународната заедница, како и помош од дијаспората која брои околу два милиони лица.

Хуманитарната канцеларија на Обединети нации проценува дека е потребна помош за пет милиони луѓе во Сомалија, што е речиси половина од целокупното население на земјата.

На околу 363.000 деца им е потребна итна помош и поддршка во исхраната, вклучително и 71.000 деца кои се недохранети.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија