Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија во второто полугодие на 2016 година изнесува 5.081 денари по киловат час, што претставува раст од 1,2 отсто во споредба со првото полугодие од годината.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,206 до 7,990 денари по киловат час по групи на потрошувачи.
Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 12,842 до 14,994 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.