Амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ во посета на Прилеп

Од:

Амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ денеска со претставници на општините Бјелина, Невесиње, Котор, Варош и Бања Лука ја посетија локалната самоуправа на Прилеп.

Главната цел на посетата, како што рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, е применувањето на позитивното искуство на општина Прилеп за искористувањето на средствата од ЕУ-фондовите.

– Посетата на општина Прилеп е поради тоа што во Македонија, Прилеп има искористено најмногу средства од ЕУ-фондовите и разните фондации. Денеска претставниците на општините од Босна и Херцеговина ќе се дружат со службите на општина Прилеп и ќе разменуваат искуства. Разменивме позитивни искуства и мислења околу искористувањето на ЕУ- фондовите и како подобро да се користат средствата од општините во реализација на проекти во корист на граѓаните, изјави Ристески.

На средбата била договорена и заедничка идна соработка на бизнис секторот. – Се надевам дека тие ќе имаат добар престој во Прилеп, дека ќе стекнат многу позитивни искуства, но и ние имаме што да научиме од работењето на општините во Босна и Херцеговина, додаде Ристески.

Ова е втора официјална посета на амбасадорката Лепа Бабиќ на Прилеп.

– Прилеп беше и првиот град кој јас го посетив откако дојдов на оваа функција во Македонија и оттогаш потекнува нашата соработка. Денеска во Прилеп се дојдени претставници на нашите општини да разговараат со луѓето одлокалната самоуправа, да се видат позитивните и негативните искуства, но и да ја продолжиме соработката која во иднина ќе биде поголема, рече Бабиќ.

Претставниците на општините од Босна и Херцеговина со општина Прилеп договорија соработка во повеќе области од општественото живеење.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена