Косово испраќа свој амбасадор во Белград

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави дека следните денови ќе му предложи на премиерот Хашим Тачи тројца дипломати, од кои ќе биде избран „амбасадорот“ на Косово во Белград, јави Танјуг.

Тој истакна дека косовскиот дипломат ќе работи во посеба канцеларија за Косово или во рамки на просториите, кои ги користат меѓународните организации, односно Европската унија.

– Тоа ќе биде канцеларија за врски на Република Косово, која ќе го претставува Косово во главниот град на Србија, Белград. И Србија исто така ќе има иста канцеларија на Косово. Двете страни се согласија да побараат простории од делегациите на ЕУ, рече Хоџај.

По прошталната средба со амбасадорот на Франција во Приштина, Жан Франсоа Фиту, Хоџај изјави дека следните денови на Тачи ќе му предложи тројца сегашни амбасадори на Косово како кандидати за амбасадор во Србија.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор